Зголемени водостоите на Вардар и Бабуна, Охридско Езеро 10 сантиметри под максимумот

Водостоите на Вардар кај Велес, Скопје Железнички мост и кај Демир Капија, како и на Бабуна кај Богомила се минимално покачени во однос на просекот за јуни годинава. Охридското Езеро е на 10 сантиметри под дозволениот максимум, покажуваат мерењата на Управтата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Дневната хидролошка информација што ја објави денеска УХМР покажува дека се под просекот нивоата на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска бања, како и Крива Река кај Крива Паланка.

Треба да знаете
Последни објави