Шпанскиот фудбалски шампион Барселона не престанува со обидите да го купи напаѓачот на италјанскиот калчолигаш Интер, Лаутаро Мартинез.
„Неро-азурите” се подготвени да го ослободат Аргентинецот за 90 милиони и еден играч (веројатно, Јуниор Фирпо). Од другата страна, последен предлог на каталонскиот клуб понудата од 60 милиони и играчите Артуро Видал и Нелсон Семедо. Оваа понуда Интер ја одбил.
Претходно се дозна дека Барселона веќе се договорила со менаџерите на Лаутаро за плата од 12 милиони евра годишно, плус бонуси.