Портпаролот на СДСМ, Богданка Кузеска, преку својот профил на Фејсбук информираше дека по насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе биде во самоизолација, поради средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е позитивна на коронавирусот.
„По насоки и препорака на епидемиолозите, во наредниот период ќе бидам во самоизолација, поради кратка средба што ја имав со мојата пријателка Сања Лукаревска. Немам никакви симптоми, се чувствувам одлично, а ќе се тестирам во текот на утрешниот ден. На мојата драга
пријателка Сања, на другарот Мухамед Зекири и неговото семејство и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација им посакувам брзо оздравување и добро здравје“, напиша Кузеска.
https://www.facebook.com/bogdanka.b.kuzeska/posts/1916530641810735