Неколку лица се хоспитализирани поради вдишување чад во пожарот што избувнал во тунел на автопат во јужна Германија во близина на границата со Швајцарија, соопшти денеска полицијата.
Автомобил што минувал низ тунелот се запалил, а пожарот се проширил понатаму. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, велат од полицијата.
Тунелот е евакуиран и затворен. Полицијата не го откри бројот на повредени, но рече дека никој не е сериозно повреден.