Реал ја отфрли можноста да го ангажира Вилијан

Раководството на трофејниот шпански тим Реал Мадрид ја отфрли можноста за да го ангажира играчот Челси, Вилијан.

Бразилскиот крилен играч ќе биде слободен агент по крајот на сезоната, а неговиот агент Киа Џорабчијан напорно бара голем клуб за да ги исполни условите на својот клиент.

За Вилијан се заинтересирани Арсенал и Тотенхем, а на квалитетите му се восхитува и Зинедин Зидан. Поради оваа причина, 31-годишниот Бразилец беше понуден на Реал, но „Сантијаго Бернабеу” ја одби понудата заради желбата на играчот да потпише договор на три години.

Тоа беше барањето на Вилијан, кое не го прифати и неговиот сегашен клуб Челси, кој му понуди договор на две сезони, бидејќи ова е политика на лондонскиот тим за играчи кои веќе наполниле 30 години.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд Бриџ”.

Треба да знаете
Последни објави