Резултатите од тестовите направени на фудбалскиот тим Вардар се негативни, соопшти најтрофејниот македонски клуб и лидер пред продолжението на сезоната која е прекината поради пандемијата со коронавирусот.
Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се тестираа во текот на вечерашниот ден. Тестовите се реализираат по иницијатива на Синдикатот на фудбалерите, во соработка со т.н. мобилна болница на „Аџибадем Систина“.
Претходно пронајдени беа позитивни случаи кај тимовите на тетовските прволигаши Шкендија и Ренова, а Шкупи и Струга не прифатија да бидат тестирани од оваа „екипа“ најавувајќи дека тоа ќе го направат во некој државна институција.