Шпанскиот возач Фернандо Алонсо скоро сигурно ќе се врати во Формула 1 во тимот на Рено од 2021 година, пренесува „Ф1-инсајдер”.
Двократниот светски шампион се очекува да потпише договор за две сезони, а по неговото истекување ќе стане директор во францускиот тим.
Единствената пречка за реализација на проектот може да биде Себастијан Фетел. Германецот го напушта Ферари на крајот на кампањата и ако реши да се пресели во Рено, ќе се намали опцијата за привлекување на Алонсо во тимот.
Триесет и осум-годишниот Шпанец последен пат возеше во Формула 1 за Мекларен во сезоната 2018. Тој има 32 победи во 311 старт, освојувајќи ги своите титули во 2005 и 2006 година со тимот на Рено.