Дејвид Хорн, 77-годишен пензиониран полицаец, бил застрелан и убиен во немири во Сент Луис, пишува Си-ен-ен.
Тој бил убиен за време на грабеж на заложувалница, соопшти полицијата. Откако го слушнал алармот, Хорн излегол на терен и се обидел да го спречи грабежот.
Тој има пет деца и десет внуци.
Бил убиен во ноќта од вторник кон среда во 2:30 часот по полноќ, по локално време.
„Во текот на ноќта уапсивме 25 лица. Повеќе од 50 продавници и објекти се уништени и ограбени“, рече началникот на полицијата во Сент Луис, Џон Хајден.
Синот на Дејвид рeкол дека негова страст била да им помага и да ги советува младите луѓе и дека веројатно би им простил на оние што стојат зад неговото убиство.
„Мојата порака до оној што го застрела е едноставна – престани со тоа што го правиш. Дали знаеш која е вистинската причина поради која протестираш? Мораме да протестираме на позитивен начин, не треба да се дивее и краде“, порачал тој.