„Газпром” може да стане генерален спонзор на Евролигата

Раководството на кошаркарската Евролига преговара за спонзорство со рускиот енергетски гигант  „Газпром”, објави турски „Хуриет”.

Претходно се дозна дека Евролигата и долгогодишниот партнер на елитното кошаркарско натпреварување „Туркиш ерлајнс” ја прекинале соработката. Менаџментот на лигата започна да бара нов главен спонзор.

Евролигата и турската авиокомпанија соработуваа веќе 10 години. Претседателот на Лигата, Жорди Бертомеу, претходно изрази надеж дека двете страни ќе продолжат да работат заедно.

Сезоната во Евролигата 2019/20 беше предвреме прекината поради коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави