Европската Унија и честита на новата косовска Влада предводена од Авдулах Хоти и која беше изгласана денеска, јави дописничката на МИА од Брисел.
Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, ја повикаа новата Влада да се врати на преговарачката маса со Србија во рамките на Дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, со посредништво на новоименуваниот специјален претставник на ЕУ за регионот, Мирослав Лајчак.
ЕУ потсетува дека овие преговори се „суштински” и „единствен начин” за Косово да ја оствари својата ЕУ перспектива.
– Сакаме Косово да напредува на европскиот пат, ова ќе бара одлучен реформски напор за зајакнување на владеењето на правото, посебно борбата против корупцијата и организираниот криминал како и промовирање на социоекономскиот развој, соопшти ЕУ.
Унијата ветува дека ќе продолжи да го поддржува Косово во справувањето со пандемијата на Ковид-19.