Откако двајца инспектори на ДПИ увиделе дека има врева и од внатрешниот дел на објектот, влегле и утврдиле дека и таму има гости, по што биле грубо избркани од сопственикот на местото.
Мицкоски бил со неколку лица во затворен дел од угостителскиот објект „Чардак“ на Боемска улица во Скопје, што е спротивно на мерките за заштита од ширењето на коронавирусот и е казниво, според законот.
Откако двајца инспектори на пазарната инспекција забележале дека има гости и во внатрешниот дел на објектот, се обиделе да влезат, но биле спречени во тоа. Според неофицијалните информации, најпрво, грубо биле спречени од сопственикот на ресторанот, за потоа, додека инспекторите биле надвор, обезбедувањето на лидерот на партијата ги истуркало инспекторите за да поминат. Партискиот лидер заминал, а неговата придружба во моментот на пристигнување на оваа информација (20 ч.), се сѐ уште во локалот. Се чека записник за да може да постапуваат затоа што биле спречени да ја вршат својата должност.
Секој момент се очекува вонредна изјава за медиуми од Раководителката на инспекцискиот надзор одделение, Мери Продановска.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/254138209021875/?t=44