Министерот за внатрешни работи на Франција Кристоф Кастанер денеска вети дека „секоја грешка, секој инцидент, секој збор, во што се подразбираат и расистички изрази” ќе биде „предмет на истрага, одлука, на казна”, јави дописникот на МИА.
Изјавата на Кастаенер доаѓа само еден ден по демонстрациите во Париз, на кои се протестираше против полициското насилство.
-Јас сум, на оваа тема, бескомпромисен. Барањата што го имаме во однос на полицајците кои грешат, е да гарантираме спокојната работата на сите полицајци и жандарми, да се гарантира одбраната на оваа републиканска полициска сила, која секојдневно се бори против расизмот, се бори против антисемитизмот, истакна Кристоф Кастанер во Сенатот.
Министерот за внатрешни работи на Франција, понатаму истакна дека „не треба да се прави амалгам (…) да се осудуваат сите недозволени однесувања. Ако има грешка, таа мора да биде казнета и тие ќе бидат казнети “. Тој понатаму додаде дека Бранителот на правата Жак Тубон, во својот извештај поднесен пред неколку дена, посочил факти кои се навраќаат на неколку години за кои полицајците биле осудени на 4 месеци затвор. Тој, исто така, го наведе случајот на полицаецот во Марсеј, кој беше осуден на „40 месеци затвор” за „присилно транспортирање на лице кој бил контролиран надвор од Марсеј”. „Овие факти се неприфатливи и казнети”, додаде Кристоф Кастанер.