Продолжуваат протестите против полициската бруталност и системски расизам во САД, кои започнаа поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Градовите се подготвуваат за потенцијално нови немири, по заканите на Трамп за примена на поголема сила.
Демонстрантите маршираа по улиците на Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес. Стотина се собраа крај поставената ограда која им оневозможува да влезат во паркот во близина на Белата куќа, каде во понеделникот мирните демонстранти беа растерани со солзавец, за да американскиот претседател Доналд Трамп може да пројде до црквата во близина и да се фотографира со Библијата во рака.
Според информациите, четворица полицајци се ранети со огнено орује во Сент Луис и еден во Лас Вегас, за време на судирите со демонстрантите.
Уапсени се илјада демонстранти во градовите низ САД, а има и повредени.
Трамп се закани дека ќе ја испрати војската во градовите и сојузните држави за да ги смири нередите. Гувернерите на Њујорк, Масачусетс, Мичиген и Илиноис се меѓу оние кои го отфрлија повикот на Трамп на посилен одговор на протестите.