Со садење на јавори и чемпреси во Карпош 4, долж течението на реката Вардар, Општина Карпош ја започна пролетната акција за засадување на 55 нови, висококвалитетни дрвја.
Сите зимзелени и листопадни дрвја кои се садат се со висина од 3, 5 до 4 метри. Тоа значи дека дрвјата се веќе развиени и уште повеќе ќе придонесат во заштита на животната средина.
Комуналните служби на Општината продолжуваат со зголемување на меѓублоковското зеленило (зеленилото меѓу зградите).
На овој начин се придонесува и кон облагородување на јавните површини и зголемување на зелениот фонд на Карпош.
Во претстојните денови, раззеленувањето ќе продолжи и во други населби и платоа низ општината.
Изминатиот период беа засадени 643 нови, веќе развиени дрвја, како и 1.872 украсни растенија. Надоместувањето на изгубеното зеленило е еден од приоритетите на локалната самоуправа.