Боинг 747 бил користен во текот на снимањето на една од највозбудливите сцени во филмот „Тенет“.
Британецот Кристофер Нолан, кој го режира долгоочекуваниот трилер, откри дека решил да купи и да сруши авион бидејќи тоа е многу пореално отколку користењето специјални ефекти.
„Планирав да го сторам тоа со макети и сценографија и комбинација на визуелни ефекти и сè останато“, рече 49-годишниот режисер во интервју за магазинот „Тотал филм“.
Нолан откри дека продуцентскиот тим дошол до идеја откако забележале некои стари авиони при пребарување локации за снимање во Калифорнија.
Тој објасни: „Почнавме да пресметуваме цифри… Стана очигледно дека всушност би било подобро да купиме вистински авион со вистинска големина и да се изведе таа секвенца реално пред камера, наместо да правиме минијатури или да одиме на ЦГ рута.“
Нолан смета дека „неговиот импулс за купување се покажал како добар“.
Роберт Патинсон – кој глуми во филмот – сцената ја опиша како смела и неверојатна. „Не може ни да си помислите дека има нешто реално кога се снима сцена во која Боинг 747 е разнесен во експлозија.
Британцеот Кристофер Нолан, еден од најдобрите режисери на денешницата, е познат по трилогијата The Dark Knight (Темниот витез) и други блокбастери, а за научната фанастика Inception (Почеток) доби осум номинации за Оскар – за најдобар филм и за најдобро оригинално сценарио.