Седумдесет и шестгодишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот стан на булеварот „Партизански одреди”. Не е констатирана насилна смрт, а во извлекувањето на телото интервенираа Противпожарната единица на Град Скопје и полицијата.
Случајот го потврдија од СВР Скопје од каде информираа дека станува збор за 76-годишниот Г.Б.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.