Фудбалерот на Рома, Крис Смилинг изрази желба да остане во клубот од „вечниот град”, информираше денес „Кориере дело спорт”.
Централниот дефанзивец, кој е на позајмица на „Олимпико” од Манчестер Јунајтед, ги уверил шефовите на „волците” дека сака да остане во Италија.
Двата клуба се во напредни преговори и голема е веројатноста Англичанецот да го продолжи престојот кај „Римјаните”.
Крис Смолинг веќе има одиграно 21 натпревар за Рома, постигнувајќи 2 гола и 1 асистенција.