Мерките за ограничено движење за време на претстојниот продолжен викенд во Скопје ги предлагаме за сите општини, бидејќи градот практично е една функционална единица, порача вечерва министерот за задрвство Венко Филипче.
– Анкетите од разговорите во прашалникот со заболените за нивните конткати покажаа дека циркулирале низ целиот град и ова е мерка со која ние практично го штитиме цело Скопје. Не станува збор само за една единствена мерка, туку надополнување на многу специфични мерки коишто се имплементираат во општините, а согласно податоците коишто се добиваат од епидемиолошките анкети. Врз основа на тие анкети се прават целни анализи, детални истражувања на движењето на контактите и нивните контакти. Ние денеска точно знаеме колку луѓе ќе бидат интервјуирани утре и веројатно рано утре изутрина ќе знаеме колку луѓе ќе бидат интервјуирани за два дена, рече Филипче на прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека во рамките на кластерите познати се дури и над 90 отсто од контактите и нагласи дека ситуацијата е целосно под контрола.
Прецизира дека многу пати се соочуваа епидемиолозите да наоѓат отпор кај граѓаните и пациентите да ги дадат вистинските податоци дури и да се согласат да дадат интервју што, како што рече, во некои случаи се надминуваше дури и со асистенција со полицијата.
Со воведените мерки за ограничено движење во Скопје, Куманово, Штип и Тетово, посочи, практично се штити близу две третини од вкупното население во земјава.
-Воведувањето на ограничувањето на движење е уште еден доказ дека во овие региони каде што се детектирани нови случаи всушност не се почитувани мерките. Таму кадешто целосно се почитуваат пропишаните превентивни мерки, нема да има ваков строг полициски час. Рестрикцијата на движењето е нешто што дополнително ќе помогне во идентификување на контактите, ставање во нивна изолација или на дел од нив тестирање според идентификација според степенот на ризик, како дополнитлена мерка за да се спречи трансмисијата на вирусот, потенцира Филипче.
На прашањето зошто само по неколку дена од укинувањето на полицискиот час повторно се воведува забрана за движење, Филипче рече дека деталната анализа на анкетните листови Сите овие случаи блзиу 90 проценти, а тоа го покажала дека новозаразените всушност се заразиле до КОВИД-19 на семејни настани во изминатите десетина и нешто повеќе денови.
-Тие луѓе циркулирале низ својата околина, во своите општини, но и во градови кадешто живееле или во најблиските градови доколку живеат во околината на Куманово или Тетово. Тоа е исто така податок кој доаѓа од анкетните листови. И ова е една дополнителна мерка за којашто мислиме дека на некој начин ќе го елиминира ширењето на вирусот, посочи Филипче.
Како позитивен пример го истакна Дебар каде, како што кажа, има само еден епидемиолог, но ширењето на вирусот практично е спречено заради целосното придржување на пропишаните мерки од страна на населението.