(Фото) Во Шутка не знаат за маски, чаирчани подисциплинирани

Скопјани од утре ќе пак ќе бидат во четиридневен карантин ако Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, која предложи враќање на полицискиот час од утре во 21 часот до понеделник во 5 часот.

Враќањето на мерките се должи на уште еден рекорден ден со нови заразени од Ковид 19, па од 101 позитивен на вирусот во изминативе 24 часа, 59 се од Скопје каде за три ден се регистрирани 146 позитивни на коронвирус. Па така во моментов во главниот град има 396 активни случаи, и тоа најмногу во Чаир, Сарај и Бутел.

За разлика од претходните денови, денеска во Чаир може да се забележи дека граѓаните се подисиплинирани и носат заштитни маски, што не беше случај во изминативе денови. Но во Шутка, сосема е друга глетката. Освен ретките посетители на пазарот, локалните жители не носат маски.

 

 

 

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави