Украинскиот фудбалски клуб Карпати од Лвов објави дека има 26 заразени лица во неговите редови со коронавирусот. Инфицирани од коронавирусот се фудбалери и членови на клупскиот персонал.
Според информациите кои ги објавија медиумите во Украина 11 од инфицираните лица се фудбалери, а 15 се од персоналот на клубот.
Сега комплетниот клуб мора да замине 14 дена во карантин, што значи дека сите натпревари на овој тимт се одложени. Доколку ситуацијата се нормализира Карпати првиот нареден меч ќе може да го одиграат на 20 јуни против Маријупољ.
Карапти се наоѓаат на последното место во украинското фудбалско првенство со само 14 бода.