Sвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц сака да одлучи за својата иднина ова лето, информира магазинот „Спорт Билд”.
Сепак, тоа не мора да значи дека тој ќе се приклучи на друг тим за следната сезона. Се вели дека техничарот сака да добие гаранции за евентуален трансфер во 2021 година.
Договорот на Каи е до 30 јуни 2022 година, а „аспирините” немаат намера да ја намалат неговата цена, што ќе биде околу 100 милиони евра.
Интерес за Хаверц има од Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус, Интер, Борусија Дортмунд и сите водечки клубови во Премиер лигата.