Велика Британија ќе ги смени правилата за имиграција доколку Кина го спроведе законот за безбедност во Хонг Конг, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
– Од примопредавањето во 1997 година, постоеше вреден концепт според клучот „една земја, два система”, загарантиран во Уставот на Хонг Конг и на кој се заснова заедничката декларација потпишана од Велика Британија и Кина”, изјави Џонсон за „Саут Џајна Морнинг пост”.
Британскиот премиер додаде дека одлуката на Кина да наметне закон за национална безбедност на Хонг Конг ги „намалува слободите и драматично ја поткопува неговата автономија “.
Тој го опиша кинескиот чекор како конфликт со обврските што ги презеде во Заедничката декларација.
– Ако Кина наметне закон, британската Влада ќе ги промени своите имиграциски правила, рече Џонсон