Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово го поздрави денешното изгласувањето на новата влада, која ќе ја води Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на Амбасадата им се честита на косовските субјекти за мирниот тек на седницата и изборот на новата Влада.
– Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Владата на Хоти за продолжување на значајните работи за мирот, правдата и просперитетот, вклучително јакнењето на регионалните односи и борбата против Ковид-19, се наведува во соопштението од Амбасадата на САД.