(Видео) Црногорски мафијаш изрешетан во Шпанија

Како што пренесуваат црногорските и шпанските медиуми во Марбеља е убие 41 годишен маж од Бар, кој со себе имал лични документи од Босна и Херцеговина. Според медиумите станува збор за Милош Перуничиќ кој е изрешетан со куршуми додека се шетал по улица. Нему со мотор му се приближило лице кое извадило пиштол со пригушувач и испукало од непосредна близина неколку куршуми кои биле смртоносни.

Според изјави на очевидци напаѓачот со себе носел торба, и имал маска на главата. Кога и се доближил на жртвата која преминувала прку пешачки премин на улица го извадил пиштолот и испукал најмалку шест куршуми. Откако го убил Перуничиќ, извршителот на убиството влегол во црн автомобил и побегнал во непознат правец. Убистовот е извршено околу 14 часот во близина на луксузен стамбен комплекс.

Убиениот Перуничиќ според српските медиуми бил близок на криминалениот кавачки клан, на избеганиот Алан Кожар од Бар. Тој не живеел во Црна Гора подолг период. Шпанските медиуми пренесуваат дека убиениот Перуничиќ бил близок роднина на осудуван криминалец од Бар, па сега се проверува  дали мотивите за неговата ликвидација во Марбеља можеби се одмазнички токму поради својот роднина.

Шпанските медиуми наведуваат дека ова убиство е продолжение на пресметките во овој град со ликвидации меѓу лица од наркокартелите.

 

Треба да знаете
Последни објави