Најмалку 29 лица, кои се собрале во Истанбул за да го осудат полициското насилство во знак на солидарност со демонстрантите во САД, се уапсени.
Турската полиција ги разбила протестите доцна синоќа, откако група од околу 50 активисти ги игнорирала повиците да се разотидат.
Демонстрантите носеле фотографии од убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд, како и од инцидентот кога полицаецот со колено му го притиска вратот додека лежи на земја.