Жителите на општините со најголем број на новозаразени од коронавирусот во вториот бран со кој моментално се соочува Македонија, добиваат забрана за влез во Грција, објави Сител.
Така во Грција нема да можат да влезат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот забрзано се шири.
„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“ стои во соопштението на грчкото МНР.