Напаѓачот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ очекува да се опорави за натпреварот од 31. коло во Серија А, со Јувентус, кој е закажан за 7 јули, пренесува „Тутоспор”.
Претходно беше објавено дека Швеѓанецот ќе пропушти околу еден месец поради повреден мускул десната потколеница.
Во сезоната 2019/20, Ибрахимовиќ настапи на 10 натпревари за Милан, постигна четири гола и оствари една асистенција.