Американската реална sвезда Ким Кардашјан (39) понуди да ѝ помогне на жената што полицијата сериозно ја повреди на протестите овој викенд.
39-годишната реална sвезда се шокирала кога видела фотографија на девојка што била застрелана во главата со гумен куршум додека стоела на улицата и снимала протест во Луизијана по повод смртта на Џорџ Флојд.
На сликата е прикажана една млада жена на која ѝ недостига дел од челото и чие лево око е повредено и толку отечено што е целосно затворено.
Старлетата беше многу шокирана од тоа што го виде, па се понуди да ѝ помогне.
„Ова е многу вознемирувачки. Дали некој знае како можам да стапам во контакт со неа? Би сакала да ѝ помогнам во лекувањето ако ѝ биде потребно“, напиша Ким на „Твитер“.
Шанин објави видео на својот инстаграм-профил затоа што беше обвинета дека се преправала оти е повредена на протестите и дека тоа е шминка на нејзиното лице, а не повреда.
„Протестирав вечерва. Снимав сè со камера кога ме погоди гумен куршум. Ова е резултатот“, напиша Шанин на својот профил на „Твитер“.
Ким Кардашјан тогаш напиша како се чувствува во врска со убиството на Џорџ Флојд.
„Исцрпена сум поради скршеното срце што го имам кога гледам мајки, татковци, сестри и браќа, кои страдаат затоа што нивните најблиски се убиени или неправедно затворени само затоа што се Афроамериканци. Јас сум лута, многу сум лута. Јас сум лута и ужасена“, напиша Ким.