Компанијата ОКТА заедно со своите вработени донираше пречистувачи на воздух на Клиниката за детски болести во Скопје преку организирање еко акција за собирање електричен и електронски отпад. Еколошката активноста што се спроведе во месец март годинава, пред почетокот на кризата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, имаше за цел да ја подигне свеста за правилно ракување со електричен и електронски отпад, а во исто време да се подобрат условите на хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести во Скопје.
За поефикасно собирање на ситниот отпад, на неколку локации во кругот на ОКТА беа поставени специјални кутии, додека големите уреди беа подигнати од домовите на вработените. Средствата добиени како возврат за собраниот отпад се искористија за набавка на пречистувачи на воздух кои компанијата денеска ги донираше на Одделот за онкологија при Клиниката за детски болести во Скопје. Акцијата за селектирање и собирање отпад, ОКТА ја спроведе во координација и соработка со Нула Отпад, овластен колективен постапувач со отпад од електрична и електронска опрема.
Оваа активноста се спроведе во согласност со стратегијата за општествена одговорност на ОКТА и е дел од заложбите на компанијата за заштита на животната средина и поддршка на заедницата.