Повеќе од 50 отсто од Американците сакаат армијата да биде распоредена на улиците на градовите во САД за да ѝ помогне на полицијата да се справи со немирите што беснеат низ целата земја по смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата во Минеаполис, пренесува РТ.
САД повеќе од една недела се зафатени од масовен бран протести на кој стотици илјади луѓе излегоа на улиците да бараат правда за Афроамериканецот кој беше задушен до смрт од страна на полицаец за време на апсењето.
Иако можеби се чини дека нацијата, или поголемиот дел од неа барем, се собра зад каузата, голем број Американци признаа дека нема да се спротивставуваат на распоредувањето на војската за да ѝ помогне на полицијата во справувањето со протестите што кулуминираа во немири и насилни судири со полицијата во многу градови.
Анкетата спроведена помеѓу 31 мај и 1 јуни од компанијата за собирање податоци „Морнинг консалтинг“ покажа дека дури 58 отсто од Американците ја одобруваат идејата. Една третина од испитаниците силно го поддржуваат тоа, а само 30 отсто се против, до одреден степен, распоредување на трупите. Истражувањето се потпира на национален примерок од 1.624 регистрирани гласачи интервјуирани преку интернет.
Во исто време, друга анкета спроведена од истата компанија во приближно истиот период открива дека 54 отсто од луѓето во САД ги поддржуваат протестите и речиси еднаков број од нив го гледаат полициското насилство врз јавноста како поголем проблем од насилството против полицијата.
Се чини Афроамериканците се особено загрижени поради полициското насилство; 85 проценти од оваа демографска група ја поддржаа оваа изјава.
Стотици градови во сите 50 држави во САД беа сведоци на митинзи и демонстрации во солидарност со Флојд и другите Афроамериканци убиени од полицијата на кои луѓето бараат правда за жртвите.
Полицаецот кој го уби Флојд оттогаш беше отпуштен од полицијата, уапсен и обвинет за убиство од трет степен и за убиство од втор степен. Тоа, сепак, не ги задуши протестите. Многу митинзи беа мирни, но во многу случаи тензиите се прелеваа и демонстрациите се претворија во насилни немири, напади врз полицијата и грабежи.
Претседателот Доналд Трамп веќе распореди војници во Вашингтон откако масовните протести во близина ја натераа на Белата куќа во режим на строго ограниќено движење. Трамп се закани дека ќе ја испрати војската и во други држави.