Рајан Рејнолдс и Блејк Лавли негодуваа по информациите дека Џорџ Флојд бил брутално убиен во Минеаполис од полициски службеник. Славната двојка реши да даде свој придонес во борбата за подигнување на свеста против расната дискриминација, па затоа донираа 200.000 американски долари на здружението за човекови права НААЦП.
Како што вели Рајан, тоа за нив е само почеток.
„Се срамиме што во минатото си дозволувавме да бидеме неинформирани за тоа колку длабоко е вкоренет системскиот расизам… Ние нашите деца ги учевме поинаку од начинот на кој нас нè учеа нашите родителите. Сакаме да се едуцираме за искуствата на другите луѓе и да разговараме со нашите деца за сето тоа“, напиша Рајан и додаде:
„Се залагаме да ги одгледаме нашите деца така што тие никогаш да не пораснат со хранење на оваа луда шема и така тие ќе дадат сè од себе за никогаш да не му нанесат болка на друг свесно или несвесно“, напиша актерот.