На клубовите од Англиското фудбалско првенство им е дозволено да играат пријателски натпревари во подготвителниот период пред продолжување на сезоната.
Според „Телеграф” дозволено е да се спроведе спаринг против екипи до кои може да се стигне побрзо, најмногу за еден и пол час, а секој играч мора да дојде со личен превоз. Покрај тоа, нема да има официјални судии на ваквите натпревари.
Продолжувањето на сезоната во англиската Премиер лига, прекината поради пандемијата на коронавирус, е закажано за 17 јуни.