На социјалните мрежи деновиве хит е вработена во Министерството за финансии која во канцеларија ги покажа своите танцувачки способности.
Видео од вработена во министерството за финансии стана хит на социјалните мрежи. На видеото се гледа како во канцеларија ги покажува своите танцувачки способности преку видео на социјалната патформа Тик Ток.
Видеото направи вистински бум на социјалните мрежи, најмногу поради фактот што е снимено токму во просториите на министерството.
Вработената преку ФБ статус експресно се извини за видеата и правдаше дека тие се снимени минатата недела по завршување на нејзините работни обврски.
https://youtu.be/kOOGUj6ouQ4
Ивор: Канал5