Скопјанец загина во бизарна незгода, ноќеска кај Миладиновци, информирше МВР.
-Ноќеска во 1.30 часот било пријавено дека на автопатот Свети Николе- Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото. Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.