Извршниот комитет на УЕФА планира да ги смени правилата за пласман на селекциите до 21 година на завршницата од -2021 кое треба да се одржи во Словенија и Унгарија. На овој завршен турнир идната година беше планирано да играат покрај домаќините Словенија и Унгарија, девет победници од квалификациските групи, најдобрата второпласирана селекција, како и четирите победници од бараж натпреварите меѓу преостанатите осум второпласирани селекции од групите.
Македонската селекција во квалификациите за ова ЕП е во група со Шпанија, Израел, Казахстан, Црна Гора и Фарските острови. По четири одиграни натпревари избраниците на селекторот Благоја Милевски се на делба на третото место во групата со 7 бода, а на само еден бод помалку од вторпласираниот Израел.