Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер денеска ги осуди „испадите” што следуваа по синоќешните демонстрации против полициското насилство во Париз, но неговиот колега, министерот за земјоделство, Дидие Гијом, зазеде спротивен став на настаните, јави дописникот на МИА.
Министерот за земјоделство на радио „Суд” уверуваше дека го „разбира неверојатниот собир” во контекст на собирите организирани во САД и во други земја по смртта на Џорџ Флојд.
Речиси 20.000 демонстранти, според префектурата на полицијата, и покрај занбраната, синоќа се собраа на протест пред судот во Париз на повикот на Комитетот за поддршка на семејството на Адама Траоре. Првично мирно, собирот заврши со судири со полицијата. Осумнаесет лица беа уапсени за време на инцидентите.
Повикувајќи на спокојство и мир, Дидие Гијом, сепак, побара француската држава и правосудниот систем да „фрлат светлина” врз аферата Адама Траоре, чија смрт после неговото апсење во 2016 година се уште не е расветлена. Во вторникот вечерта, ново вештачење наложено од семејството укажа на одговорноста на жандармите во смртта на младиот човек. Минатата недела, трет извештај од медицински вештаци, нарачан од истражните судии, повторно ги ослободи жандармите од целата одговорност.
-За сите прашања, тоа е најцелосна транспарентност. Ниту едно дете на Франција, ниту еден граѓанин кој живее на почвата на Франција, не смее да биде нападнат, дискриминиран, осуден, тоа е основното правило , истакна Дидие Гијом.
Ден претходно, министерот за внатрешни работи „го осуди насилството за кое нема место во демократијата”.
„Ништо не ги оправдува ексцесите што се случија оваа вечер во Париз, додека собирите на јавни места се забранети за да се заштити здравјето на сите. Им честитам на безбедносните сили и спасувачите за нивната контрола и нивната смиреност”, напиша Кристоф Кастанер на Твитер.
И покрај разликата со проценката на Кристоф Кастанер, Дидие Гијом го бранеше републиканскиот принцип. Доколку се открие „екстремна напнатост во земјата и чувството на некои негови наши сограѓани дека се изложени на расистички акти”, министерот за земјоделство потврди дека „Франција не е расистичка (…) и Французите не се расисти “.
Апсолутното правило во Републиката, она што го основа нашиот републикански пакт, е токму прифаќањето, разновидноста и интеграцијата, додаде тој.
-Но, со она што се случи во Соединетите американски држави, смртта на младиот Флојд, покрај тоа што никогаш не можете да кажете дека тој бил црн, тој го сторил тоа, го сторил тоа, тој дури и не постои не. Не е важно, ние не убиваме некого “,потсети тој како одговор на оние кои што го изложија криминалното досие на Џорџ Флојд, 46-годишен црнец Американец, кој беше задушен од бел полицаец во Соединетите американски држави на 25 мај.