Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, за „360 степени“ потврди дека Јанева биле спроведена во Државниот завод за ревизија, но и дека таму е однесена спротивно на закон.
Медиумите објавија дека Јанева во Заводот се соблекла во долна облека, по што интервенирала Итната помош која и дала инекција за смирување.
-Точно е дека без претходна најава и без уредна покана денеска Катица Јанева е спроведена од куќен притвор до Државниот завод за ревизија во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Спроводот е со цел за да присуствува на работен состанок на повик на Државниот ревизор, за да и се презентира извештајот на ДЗР за работењето на СЈО, како на лице одговорно на таа институција во изминатиов период. По мои сознанија до реализација на таков работен состанок не е дојдено, но причините за истото не ми се познати, изјави Фрчкоска за 360 степени.