Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје
„Се случува сериозна хаварија поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов. Секој ден стотици Скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во градот Скопје гласаше за субвенции за тротинети и велосипеди и смета тоа дека е корисен проект, но максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици и оправданата нервоза кај скопјани.
Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на корона вирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри пред град Скопје и хаосот со субвенциите ризикува да стане нов корона кластер.
Шилегов со ова станува закана за здравјето на Скопјани.
Апелираме веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта. Се друго преставува ризикување и поигрување со здравјето на скопјани.