Со инциденти заврши протестот во Атина во знак на поддршка за демонстрациите во САД, организиран од анархистички, левичарски и антирасистички здруженија и организации.
Инцидентите се случија пред американската амбасада што беше и крајната дестинација на протестот.
Дел од демонстранти, млади маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели и разни предмети, на што специјалните полициски единици одговорија со солзавец, јави дописничката на МИА од Атина.
Инцидентите траеа кусо, по што ситуацијата се смири.
Амбасадата на САД во Атина беше под силно полициско обезбедување, додека пак протестот почна од пред грчкиот Парламент.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/699458797535973/?t=1