Раководството на кошаркарската Евролига преговара за спонзорство со рускиот енергетски гигант „Газпром”, објави турски „Хуриет”.
Претходно се дозна дека Евролигата и долгогодишниот партнер на елитното кошаркарско натпреварување „Туркиш ерлајнс” ја прекинале соработката. Менаџментот на лигата започна да бара нов главен спонзор.
Евролигата и турската авиокомпанија соработуваа веќе 10 години. Претседателот на Лигата, Жорди Бертомеу, претходно изрази надеж дека двете страни ќе продолжат да работат заедно.
Сезоната во Евролигата 2019/20 беше предвреме прекината поради коронавирус.