Како што пристигнуваат информации единицата за брзо распоредување пристигнала на Боемска и интервенирала во ресторанот каде беше затекнат Христијан Мицкоски. А1он дознава дека ЕБР интервенира бидејќи се бришеле снимки од надзорни камери на кои се гледа дека кафеаната работела а внатре бил Мицкоски.
Освен екипи на ЕБР присутни се и инпекторите на државниот пазарен инспекторат и началникот на СВР Скопје, Ристе Ставревски.
Претходно инспектори на ДПИ биле спречени да влезат во кафеаната бидејќи во внатрешниот дел седел Христијан Мицкоски.