Андреј Жерновски во гостување во отвореното студио на ТВ 24 потенцираше дека зголемениот број на заразени е резултат на неказнувањето од страна на МВР, особено на литија во Струга, празникот Рамазан и денот на МВР кога се снимаше спот. Потенцираше дека ситуацијата е под контрола и дека сите кластери се познати.
„Огромна „заслуга“ за тоа што се случи има министерот Чулев. Почна една недисциплина која беше несанкционирана. Имавме однесување на неказнување на оние кои ги кршеа законите. Таквите пораки граѓаните ги сфаќаат како порака дека состојбата не е така лоша и може да се опуштиме.“ – рече Жерновски.
Тој потенцираше дека целата вина не е само во Чулев, туку и кај дел од граѓаните кои неодоговорно се однесуваа. Жерновски истакна дека во другите земји опозициските партии давале помош и солидарност, а кај нас е обратно, опозицијата бара оставка од министерот и ширеле дезинформации и лажни вести.
„Имаме опозиција која одмагаше, зошто во епидемијата виде шанса за одложување на изборите. Тоа е нешто што понатаму не може да ни се случи. Доказ дека не бегаме од одговорност е што сакаме да преземеме одговорност.“ – рече Жерновски.