Неколку трговски центри и училишта во рускиот град Санкт Петербург добија закани со бомби, изјави неименуван полициски извор.
– Во тек е контрола на неколку трговски центри и училишта откако по е-маил добиле закани за поставени бомби, изјави неименуван извор за ТАСС, без да даде детали.
Трговските центри во Санкт Петербург работат според ограничени правила, поради рестрикциите воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.
Отворени се само продавниците за храна и аптеките, а рестораните можат да доставуваат храна.