Мистериозната смрт на стотина лилјаци во неколку индиски држави, вклучувајќи ги и Утар Прадеш и Бихар ги исплаши тамошните жители. Тие сметаат дека овие лилјаци се причината за појавата на новиот коронавирус, иако оваа теорија сè уште не е потврдена.
Смртта на лилјаците Индијците ја толкуваат како прогонување и знак за страшни настани кои допрва ќе се случат. Паниката меѓу локалното население ги присилила властите да покренат акција и да се обидат да ја утврдат причината за смртта на лилјаците.
Од областите Белгат во Утар Прадеш на крајот на мај била пријавена смрт на голем број лилјаци, кои немал никакви знаци на повреди. Мештаните изјавиле дека дури 52 лилјаци умреле во рок од еден час на едно подрачје.
И претходно сме доживувале топлотни бранови, но смрт во толку кратко време никогаш претходно се немало случено. Нешто не е во ред, иако официјалните лица се обидуваат да го стават проблемот под тепих. Како е можно 52 лилјаци оддеднаш да загинат во рок од еден час?“, прашуваа еден од мештаните, Ашок Варм…
Преземено од reporter.mk