Најмалку единаесет лица загинаа досега за време на протестите и немирите во САД предизвикани од смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, објави ТВ-каналот КТЛА.
Меѓу жртвите се граѓани на Чикаго (Илиноис), Детроит (Мичиген), Омаха (Небраска), Девенпорт (Ајова), Оукленд (Калифорнија) и Луисвил (Кентаки). Повеќето од нив се Афроамериканци.
Во Оукланд беше застрелан 53-годишнот Афроамериканец Дејв Патрик Андервуд, полицаец од Федералната заштитна служба, а негов колега е сериозно ранет. Во Омаха е убиен 22-годишниот Афроамериканец Џејмс Скорлок кога тој и група на неговите соучесници тепале белец. Нападнатиот човек успеа да пука кон него и да го убие.
Во извештајот се вели дека стотици луѓе се повредени низ САД, но нивниот точен број допрва треба да се брои.
Масовни протести и немири се појавија во многу држави во САД по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, Минесота. Флојд беше осомничен дека користел фалсификувани банкноти. На 26 мај четворица полицајци беа отпуштени, од кои едниот е ставен во притвор и обвинет за убиство без умисла.
Според АП, во текот на изминатите денови повеќе од 9.300 беа приведени во САД во протестите и немири. Тие се обвинети за грабежи, кршење на полицискиот час и блокирање на патиштата. Воведен е полициски час во 40 града во САД, вклучувајќи ги и Вашингтон, Лос Анџелес и Њујорк.