Професорот Никола Пановски за 24 инфо вели дека високите бројки се доказ дека ова е втор пик на болеста. Само контрола на движење и некакви рестриктивни мерки може да јаконтролираат новонастанатата ситуација.
– Според мене ова е втор пик. Граѓаните не се контролираа, престанаа да ги почитуваат рестриктивнитемерки, се укина полицискиот час. Заштита не се носеше и претходно, а и сега не с епошитваат мерките. За зголемување на бројката придонесе и верски празник, немање контрола и едукација. Свештените лица и политичарите требаше да предупредат на сериозноста на болеста- вели Пановски. Според професорот мерките с еолабавија пред време, требаше можеби да остане полицискиот час.
-Единствен спас за нас е намалената контагиозност на вирусот. Тоа значи дека има помалку компликации кај заболените односно не завршуваат сите во болница. Ако беше како порано ќе се блокираше здравствениот систем. Контрола мора да има во жариштата- вели Пановски.
За него ако се потврди дека е ослабен вирусот е одлична вест. Бројката нема да се намали, ќе расте деновиве уште повеќе.
-Можеби треба да се најдат доброволци кои ќе патролираат навечер и ќе го контролираат движењето. Дефинитивно во ваквасостојба треба да с еработи на контола на движењето посебно навечер. Сметам дека треба да се воведат некакви рестриктивни мерки посебно сега пред верскиот празник. Ако сега се вакви бројките што ќе се случи кога училиштата ќе се отворат- вели Пановски. (В.А.)