Првиот светски тениски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе приреди спектакл за љубителите на „белиот спорт“ во Белград, каде идниот викенд ќе се одржи турнирот „Адриа“. Покрај Ѓоковиќ на овој турнир ќе настапат и Доминик Тим, Александер Зверев, Григор Димитров…
-Цените на влезниците ќе бидат симблични за да може цело семјство да гледа врвен тенис. Ќе се движат од 6 до 8 евра, во зависност од мечевите во кој дел од денот ќе се играат, порачува Ѓоковиќ.
Продажбата на влезниците ќе се врши онлајн.