Полицијата во Сан Франциско уби еден човек осомничен дека ограбил аптека, мислејќи дека има пиштол со себе.
Тоа се покажа како неточно, соопшти полицијата.
Полицијата мислела дека чеканот, кој осомничениот го носел во појасот, е огнено оружје, јавува АП.
Полицајците рекле дека осомничениот Шон Монтероса (22) почнал да трча кон автомобилот, а потоа одеднаш запрел, паднал на колена и ги кренал рацете над половината, откривајќи го она што изгледало како заден дел од огнено оружје во неговиот појас.
“Don’t shoot!” say hundreds of protesters in front of Hall of Justice in #SanFrancisco #GeorgeFloydprotest Most seem determined to stay here all night. pic.twitter.com/0h4UIWmkuX
— Julian Mark (@juleswapo) June 4, 2020
Еден службеник пукал пет пати низ прозорецот на автомобилот, при што еднаш го погодил осомничениот.
Монтероса (22) од Сан Франциско е првиот потврден смртен случај за кој е одговорна полицијата за време на немирите и протестите во Калифорнија, што се одвиваат откако почина Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициската акција.
California | Vallejo police shoot, kill 22-year-old San Francisco man after mistaking hammer for gun// Police everywhere out of control. Kill first, question later! Battlefield mentality. Unfit for the streets. https://t.co/BJzciozwrH
— Damned Give me ammo..🇺🇦🇺🇸🏳️🌈♿⚔ (@thedamnyankee2) June 4, 2020
Шефот на локалната полиција рече дека полицајците реагирале на повиците за грабеж, кога се случило пукањето.
Адвокатот на семејството Монтероса, Џон Бурис, изјави дека е ужаснат што полицијата пукала кон лицето кое било на колена, со кренати раце.