Логично е да дојде до олабавување на мерките кога видовме некое мини славење во Владата, бидејќи како што рекоа е ставен крај на епидемијата, дека ситуацијата се подобрува. Всушност сите држави така постапуваа кога дојдоа до крај на пандемијата што е нели логично, само разликата е што кај нив навистина има крај на епидемијата со корона вирусот, но не и кај нас, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21.
Но, што се случува кај нас има зголемување на број на новоинфицирани, а никој не сносни одговорност. Ние цениме дека некој треба да сноси одговорност бидејќи од денот кога се прогласи победа кај нас не само што не се намали кривата, туку таа се исправи и соборуваме рекорди. Многу лоша и алармантна е ситуација. Никој ама баш никој не сноси одговорност денес. Било кој граѓанин денес да го прашате која мерка ќе ви каже карантин. Таква одлука донесе и Комисјата за зарзни болести составена од директори на клиники и еден кандидат за пратеник исто директор на клиника, и Караџовски кој покажа повеќе политички способности отколку здравствени, рече Мицкоски.
Кај нас рече Мицкоски, бројката на новозаразени се триплираше или четририкратно се зголеми.
И по ова или за ова никој не сносни одговорност. Има луѓе во фелата експерти, епидемиолози, инфектолози кои се натпартиски и логично е ако га оваа Комисија не успеа да се работи во друга насока, посочи Мицкоски.