Мицкоски -Туск: Да се победи короната, па потоа кредибилни и слободни избор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск, со кого разговарале за здравствената и политичка состојба на државата и регионот.

-Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект, вели Мицкоски.

Според него, во разговорот постигнале заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да се победи короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните.

-Разговаравме и за нашата соработка во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија  при што ја истакнав важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија. Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза, вели Мицкоски.

 

Треба да знаете
Последни објави